Од невладиниот сектор во охридско-струшкиот регион реагираат на вчерашната изјава на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Имено, тој рече дека не му е гајле што мислат невладините организации за дивоградбите во неговата општина. Дополнително, тој го критикуваше и барањето на Антикорупциската комисија, Владата, а не општината да се справува со дивоизградените објекти.

„…Тој не може да зборува во името на граѓаните, туку треба јасно да каже дека зборува за личниот свој бизнис интерес или било каков друг, а не за општото добро. Тој не смее да биде над законот бидејќи се докажа досега дека е“, вели Драгана Велковска-Охрид СОС.

Реагираа и од архитектонската фела од каде апелираат да се работи на подобар квалитет на управување со просторот, но и да има последици ако некој работи спротивно на интересот на граѓаните.

„…Градоначалник е политичка фигура е биран на функција, но тој е член на ЗЕЛС… Мислам дека најмалку што треба е да се исклучи овој градоначалник од ЗЕЛС“, рече Даница Павловска- архитекст.

Реакција денеска имаше и од Алијансата за Албанците од каде обвинија дека нелегални објекти низ Струга се градат со дозвола, знаење и со поттикнување токму од страна на Мерко.

„Да се преземат мерки додека не е доцна…“, реагираат од Алијанса.

Од Алијансата ја повикаа полицијата, Обвинителството, судот и Владата да преземат мерки додека не стане доцна. Од Владата за Алсат соопштија дека е неприфатливо да се толерираат дивоградби и го повикаа Мерко да постапува со овие објекти на крајбрежјето во делот што ù припаѓа на општината.

Мики Трајковски

Shpërndaj me

Loading...