fbpx

Реформите во судството, полицијата и во затворите за кои многу се зборуваше сè уште не се реализирани. Од граѓанските организации велат дека спроведувањето на овие реформи го одразува почитувањето на основните човекови права. Од Здружението на млади правници апелираат да се деполитизира судството и да зајакнат капацитетите на институциите.

Од Хелсиншкиот комитет проценуваат дека е потребно уште многу работа за да се спроведат најавените реформи на Владата.

Претставниците на граѓанскиот сектор изразија сомневање за спроведувањето на владиниот План 18, бидејќи, како што рекоа, многу важни прашања остануваат неисполнети ниту од претходниот Планот 3-6-9.

Eлмедина Алији

Shpërndaj me

Loading...