Кикириките спаѓаат во семејството на мешунките, а богати се со витамини и минерали кои му годат на здравјето. Иако се богати со калории, тие имаат и по некоја карактеристика која му годи на нашето здравје. Па така, наместо по чипсот, посегнете по кикириките.

Создавањето на плодот во заштитната лушпа им овозможува на кикириките да ги задржат сите хранливи материи, вклучувајќи и важни минерали како цинк и железо што допринесува за здрава крв во нашето тело.

Кикириките кои не се пржени се богати со здрави маснотии кои го намалуваат штетниот холестерол, и така ги штитат срцето и кардиоваскуларниот систем.

Кикириките се одлична храна за мозокот бидејќи содржат витамин Б3 кој ја подобрува нашата меморија.

Една американска студија покажала дека внесувањето на кикирики или путер од овие плодови во организмот може да го балансира шеќерот во крвта и така да го спречи потенцијалниот развој на дијабетес од типот 2.

 

Shpërndaj me

Loading...