fbpx

На крајот на септември или почетокот на октомври, државните ревизори ќе направат ревизија на работата на Државната изборна комисија. Ревизијата е во годинешниот план на ДЗР. Станува збор за ревизија на регуларност во работењето.

ДЗР:

„Ревизија на усогласеност (регуларност) е проценка дали работењето е во согласност со законите, подзаконските и интерните акти што се во сила“

Ревизијата во ДИК не е поврзана со организацијата на предвремените парламентарни избори во јули годинава. Освен ревизијата која е планирана и одобрена, од Државната изборна комисија документи одзеде и обвинителството за организиран криминал и корупција. Станува збор за тендерската документација за набавката на софтвер за веб страницата на ДИК, преку која требаше да следат изборните резултати на 15 – ти јули во реално време. Сега обвинителството треба да утврди дали набавката на софтверот е законска иако истата беше склучена во четири очи со преговарање без да се објави оглас. Раководството на ДИК објаснуваше дека само неколку набавки се направени без тендер повикувајќи се на кризата поради корона вирусот. Обвинителството исто така треба да открие и кој ја нападна хакерски страницата на ДИК на денот на изборите и го онеспособи системот за електронски увид на граѓаните на изборниот резултат. Најавите се дека од крајот на месецов се очекува да се откријат хакерите. Освен од Државната изборна комисија, обвинителството ја добило документацијата и од фирмата ДУНА која го продаде софтверот на ДИК во постапка со преговарање за речиси 15 илјади евра. Но, освен овој договор, ДИК во четири очи за 45 илјади евра ја избра ПР агенцијата „Идеа Лаб“ за рекламна кампања.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me

Loading...