fbpx

Тековните закони оставаат простор за политичко вработување, непотизам, клиентелизам и корупција во институциите во јавниот сектор. Комисијата за спречување корупција и „Transparency International“ во нивната заедничка пресметка идентификуваа околу 50 слабости и 150 активности што треба да се преземат за да се воспостави системска основа за ефикасна администрација, заслужни вработувања и елиминирање на корупцијата. При анализата откриени се нефункционални институции за набудување, но и институции без вработени.

Вицепремиерот Љупчо Николовски ветува бескомпромисна борба против овие појави, но потенцира дека ова ќе биде процес што ќе трае со години или децении.

Амбасадорот на Холандија, Дирк Јан Коп, борбата против корупцијата ја оценува како итна.

„Антикорупцијата не е за ЕУ, тоа е за вас, граѓаните на Северна Македонија. Искоренувањето на корупцијата од јавната администрација е една работа, но тоа ќе влијае и на сите други аспекти на животот, тоа ќе биде добро за бизнисите, ќе привлече повеќе странски инвестиции.“

„Пресметувањето на влијанието на корупцијата врз политиките и процедурите за вработување, со посебен акцент на непотизмот, врабтувања и клиентелизам“ беше спроведена со поддршка на Амбасадата на Холандија.

Fatlume Dervishi

Shpërndaj me

Loading...