fbpx

Постојат луѓе кои веруваат дека се попаметни, поубави и поважни од другите луѓе, па затоа треба да имаат и посебен третман. Ваквата комбинација на карактеристики укажува дека кај овие лица потенцијално се работи за психичко растројство наречено нарцисоидност.

Постојат два вида на нарцисоидност – претенциозен и вулнерабилен. Лицата со претенциозен нарцизам се препознаваат по екстровертноста, потребата да доминираат и секогаш да бидат центар на вниманието. Од друга страна, вулнерабилниот нарцизам се одликува со тоа што лицата се тивки, резервирани и се чувствуваат дека се главни. Во новото видео на „TedEd“ се објаснува разликата помеѓу овие два типа на нарцизам како и начините на третирање на состојбата.

Нарцисоидното психичко растројство се категоризира како ментална болест која предизвикува луѓето претерано да се преокупирани со самите себе, со чувсто на  сопствената надмоќ, суета и престиж во однос на другите околу нив. Претенциозниот нарцизам може да биде предизвикан од претераното фалење на достигнувањата и способностите на децата од страна на родителите. Кај вулнерабилниот нарцизам состојбата е обратна; се раѓа од механизмите на самоодбрана кои се користат за да се спречи повреда на емоциите, и често е резулатат на злоупотреби во детството.

Околу 6,2 проценти од возрасните страдаат од ова ментално растројство. Децата се исклучени од оваа дијагноза, бидејќи егоцентризмот е дел од нормалниот развој во детството додека тие учат како да се вклопат во светот околу нив.

Извор: енаука

Shpërndaj me

Loading...