Градинките нема да се отворат, бидејќи сегашната состојба со вирусот во земјава не дозволува такво нешто, рече денеска министерот Венко Филипче. Според него, отворањето сигурно нема да се случи наскоро заради големиот број на заразени и фактот дека децата се главни носители на вирусот. Министерот за здравство вели дека кога зпоачнал скринингот и било планирано отворање на градинките, условите биле многу поразлични од сега. Тој истакна дека отворањето на градинките е постапка за која треба добро да се размисли, бидејќи станува збор за безбедност на децата. Одлуката за затворање на градинки и други образовни институции Владата ја донесе на 10 март.

Shpërndaj me

Loading...