Иако родителите мислат дека телевизијата нема влијание на децата, Американската академија за педијатрија препорачува дека со третата година децата не треба воопшто да стојат пред екран, додека кај повозрасните деца времето треба да се ограничи од еден до два часа во текот на денот.

Дури и ако станува збор за ситуација каде само е вклучен телевизорот во дневната соба, а никој не го гледа, посебно децата, сепак тоа им пречи во нивната игра и влијае на развојот на перцептивната моќ кај нив. Тоа го покажала студијата каде биле испитувани 50 дечиња на возраст од 13 до 36 месеци.

Биле поделени во групи во различни простории. Во првата просторија каде си играле, немало вклучен телевизор, а во втората дечињата си играле со вклучен телевизор. Резултатите покажале дека таму каде што немало тв, играта траела подолго, за разлика од другите.

Но, се наметнува прашањето – како во денешно време да ги спречите децата да имаат пристап до дигиталните уреди кога се секаде околу нас. Во тој случај, родителите ќе треба комплетно да се откажат од употреба на телефони за почеток, а потоа и се останато кое им го трга вниманието на децата од играта. И самите сме сведоци на претераната употреба на преносни уреди, посебно кај децата од 12 месеци. Најчесто се користат додека тие јадат, за да можат родителите што повеќе храна да внесат.

Контролата произлегува од најтесниот круг, родителите и останатите поблиски членови на семејството кои играат голема улога во сето ова. Ако секој од нив се труди да придонесе на свој начин, во тој случај големи се можностите да се намали или целосно отстрани употребата на дигиталните уреди.

Shpërndaj me

Loading...