fbpx

Разликата од 230 милиони евра на вредноста на четвртиот пакет мерки помеѓу проекциите на Владата и математиката на Алсат се должи во тоа што сите средства кои ќе се поделат на граѓаните и на компаниите не се јавно објавени. Владата се пофали со 470 милиони, но вчерашната пресметка според податоците на веб страната на Владата покажа само 240 милиони евра. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека дополнителни пари ќе бидат на располагање во овој сет мерки. Тој тврди дека тоа е и една од причините зошто владата на неколку пати кога беше прашувана за конкретната сума, не одговараше со конечни бројки колку ќе тежи оваа помош.

„Во целосно нови мерки во четвртиот пакет вкупно се  235 милиони евра. Тоа се мерки кои никогаш нигде не се спомнуваат. Од кои дополнително на тоа мерката која не беше реализирана од претходниот мандат на претходната влада знаеме зошто, а тоа е кредитот на Светска банка од 90 милиони евра“, рече Битиќи.

Што се однесува до 160-те милиони евра пари  кои треба да се обезбедат од буџетот за овие мерки, вицепремиерот вели дека ребалансот ќе биде објавен најдоцна до понеделник и тогаш ќе се знае од која државна институција најмногу ќе се кратат непродуктивни трошоци. Инаку, со новите мерки државата планира да подели 70 милиони евра како помош за плати на работниците и 26 милиони евра за граѓаните во вид на платежни картички за зголемување на потрошувачката моќ. За фирмите помошта ќе изнесува околу 140 милиони евра. Работодавачите и синдикатите изјавија дека се задоволни од овие мерки.

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...