Ниту една анкетна комисија иницирана од ДУИ во Собранието не доби парламентарен или судски епилог. Ова го потврдуваат иницијативите на  оваа партија во законодавниот дом за судски предмети како: „Алмир“, „Дива Населба“, „Монструм„ прислушувањата и „Сопот“.

Алмир: Поради случајот со Алмир Алиу од Куманово  министерот за правда, Билен Салиу  си даде оставка. ДУИ предложи анкетна комисија дури по преквалификацијата на делото и неправедната правна казна. Дури ги покани членовите на семејството на Алмир Алиу во Собрание, додека предлогот остана ист бидејќи седницата никогаш не беше свикана. Во нивниот предлог беше вклучена покана  и до  Комисијата на министерот, главниот обвинител и судијката, но обвинувањата на ДУИ беа дека шефот на Комисијата за човекови права и слободи, Фадил Зендели, го блокира свикувањето на комисијата. Тој ги негираше обвинувањата, велејќи дека ДУИ не е искрена во својата иницијатива, бидејќи претходно не се консултирала со него.

Куманово: Или „Дива Населба“, 2015 година. Обвинувањата против ДУИ како владејачка албанска партија и барањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за истрага со меѓународна помош  беа причина парламентарната група од 19 пратеници од оваа партија да  иницираат Анкетната комисија. Оваа комисија беше формирана паралелно со судењето и беше распуштена како резултат на предвремените парламентарни избори во 2016 година. Оваа комисија никогаш не беше свикана, додека ДУИ се уште бара истрага за случајот „Дива Населба“, иако некои од функционерите на партијата не беа поканети на суд како сведоци предложени од одбраната.

Прислушувањата: Масовното прислушување на граѓаните и недостигот на доверба во судството, ја натераа парламентарната група на ДУИ од 19 пратеници да иницира парламентарна комисија за проверка на пропустите и непрофесионалното постпување  на безбедносните служби. Политичките процеси, кризата и Договорот на Пржино неколкупати го распуштија и вратија Собранието, а како резултат на ова се појави идејата за Специјално јавно обвинителство кое, покрај кривичните дела што произлегуваат од прислушувањата, требаше да  истражи и кој прислушувал. И оваа комисија формирана од  парламентарното тело за човекови права и слободи, заврши без епилог.

Монструм: По доживотниот затвор и  изјавите на поранешниот портпарол на ДУИ, Бујар Османи, дека нема да бидат казнети невини Албанци, 14 пратеници на ДУИ повторно иницираа парламентарна комисија. Иако имаше последователни седници, епилог повторно немаше. И овој случај доби епилог по нелегалните прислушувања. Невиноста на осудените не беше докажана во Собрание, додека повторното судење  започна по прислушуваните разгворои кои пак, создаваа основа за политички монтиран случај.

Сопот: По високите казни, 15 пратеници на ДУИ иницираа Анкетна комисија. Иако Собранието ја презеде улогата на истражител, пратениците и претставниците на органите за кривично гонење поканети во Комисијата не беа во можност да ја откријат вистината. Потребна беше изјавата на поранешниот амбасадор на НАТО,  Бигман за да се докаже невиноста на жителите на Сопот. Дека случајот беше монтиран врз изјава дадена под притисок и закана, потврди сведокот Рамадан Бајрами во изјава за Алсат. Прислушуваните разговори ја докажаа и нивната невиност.

Од 2002 година до сега ниту еден пратеник на ДУИ не ја водеше Постојаната парламентарна анкетна комисија за заштита на човековите права и слободи. На чело на оваа комисија ДУИ не беше ниту од 2006-2008 година кога партијата на Ахмети беше во опозиција.

Адриан Керими

Shpërndaj me

Loading...