fbpx

Мандатите на владите почнуваат и завршуваат, но не и работата на 12 километарскиот автопат  Скопје – Блаце. ДУИ завршува уште еден мандат во Владата, со неисполнето ветување за автопатот што треба да ги поврзе земјава со Косово.

„На оваа територија на која треба да се гради долго ветениот автопат Скопје – Блаце нема механизација која работи, иако со години наназад се дава вакво ветување. Во делот на Северна Македонија сè уште има проблеми со експропријација на земјиштето. Ваквата состојба подобро ја објаснуваат жителите на селото Блаце кои велат дека се навредени од цената што државата им ја дала за нивната земја“.

Жителите жестоко се спротивставуваат на понудата на државата од 200 денари. Тие поднесоа тужба.

„За таа цена никогаш не потпишувам земјата да и се даде на државата. Во ред ако државата нема пари, нека направи компензација со друго земјиште. Како ќе се реши, ќе видиме. Ние протестиравме порано, повторно ќе протестираме. Јас и огромното мнозинство го испративме овој случај на суд“.
Жителите се чувствуваат измамени. Велат дека механизацијата која била донесена таму работела само една недела и заминала. А и оние што се согласија за цената, велат дека сè уште не ги добиле парите.

„Почнаа пред олку две недели и донесоа неколку скапани машини. Колку да се рече дека почнавме и го оставија.  Отидоа, ги зедоа багерите и заминаа. Плодното земјиште беше платено 4 евра, а шумата 15 евра. Тие големите,  лажговците, имаат некаква корист овде“.

„Уништија дел од планината и сега нема машини што работат таму. Не верувам дека работат, тоа можеби беше само реклама“

„Земјиштето е приватно и државата не смее да го земе од никого. Добро е тоа што нашите сограѓани бараат повеќе за оваа земја. Не добив исплата, ниту една рата. Државата сака да добие повеќе земјиште отколку што треба, тие повторно испратија писмо“.

„Ни беше дадена можност да одлучиме. Ни требаше малку време да ги извадиме документите и ние потпишавме. Инаку цената не е прифатлива. Всушност, Бујар Османи рече дека цената ќе биде од 20 до 50 евра за регионот на Блаце. Сега чекаме одговор, да се изврши плаќањето. Направија на рати. Не ги плаќаат веднаш, секој месец помалку“.

Автопатот Скопје – Блаце со години се ветуваше од ДУИ. Овој проект е скоро во сите изборни програми на партијата на Ахмети. Истото ветување е и сега во програмата 2020 – 2024 година.

Evi Shkopi

Shpërndaj me

Loading...