fbpx

Оваа година, по девети пат, НЛБ Банка го организира НЛБ Месецот на штедење на тема: „Ги истражуваме убавините на нашата земја со Тиби и Штуки!”.

НЛБ Месецот на штедење започнува на 25 септември и ќе трае до 25 октомври 2020 година, a во рамките на истиот децата на возраст од 5 до 15 години ќе имаат можност да цртаат на тема ,,Штедење и истражување на убавините на нашата земја“.

„Секоја година се трудиме да креираме тема која ќе биде интересна за децата и младите, со цел да ни се приклучат на ликовниот конкурс во што поголем број. Но исто така покрај забавата сакаме темата да биде едукативна и сите заедно да научиме по нешто ново. Ако минатата година ги истражувавме и зборувавме за планетите и ѕвездите, оваа година, поттикнати од „новата реалност“ и свесни дека летниот распуст на сите нас ни помина во рамките на нашата земја, без размислување ја предложивме оваа симпатична тема каде секое дете ќе има можност да го нацрта местото кое го посетило летово и му оставило најдобар впечаток. Ова е одлична можност не само да ги покажеме нашите ликовни вештини туку и да ги споделиме и запознаеме убавините на нашата земја и да ги ѕирнеме дури и најскриените природни убавини“, изјавија од Банката.

Месецот на штедење и оваа година ќе има хуманитарен карактер, при што НЛБ Банка за секој пристигнат цртеж ќе донира парични средства кои ќе бидат наменети за ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје.

Со оглед на ситуацијата предизвикана од Covid-19 пандемијата, а со цел поголема заштита, оваа година, дружењето со веќе добро познатите ликови на НЛБ Банка, Тиби и Штуки, ќе се одвива онлајн, а цртежите ќе можат да се прикачат единствено по електронски пат преку веб страницата креирана за оваа намена www.stedenje.nlb.mk

На крајот на октомври најдобрите цртежи избрани со гласање преку веб страницата stedenje.nlb.mk, како и од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници, ќе бидат наградени со парични награди.

 

Shpërndaj me

Loading...