fbpx

Командантот на иранската револуционерна гарда, Абдула Араги, денеска изјави дека Техеран наскоро уште поенергично ќе се освети за минатонеделното убиство на иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Како што пренесува агенцијата „Тасним“, тој заканите ги упатил по вчерашниот говор на американскиот претседател, Доналд Трамп, во кој изјавил дека Иран се повлекува, пренесува Ројтерс.

„Тасним“ го цитираше и заменик-командантот на револуционерната гарда, Али Фадавиј, кој рекол дека ракетниот напад над американските бази во Ирак е само приказ на воената моќ на Иран и оти американските сили не можат ништо да сторат.

 

Shpërndaj me

Loading...