fbpx

Десет милиони евра од државата како гарации за кредити на фирмите, намалување на парафискалните давачки и воведување даночен календар. Ова е максимумот кои денеска новинарите можеа да го извлечат од едночасовната работната средба меѓу стопанствениците и новиот министер за финансии Фатмир Бесими која ја организараше Стопанската комора.

Но, барањата на стопанствениците не може јавно да се пренесат бидејќи комората не обезбеди техничка можност. Камерите може да го регистрираат само ветувањето на Бесими дека едно од барањата веќе е во план да се реализира.

„Ова е прашање што во Владата веќе се размислува околу 10 милиони евра да се стават во банката за Развој, а таа ќе развие гарантна шема за стопнаските субјекти која ќе им олесни на фирмите особено во намалување на трошоците, и фирмите кој заради кризата не можат да ги исполнат критеримути што банките ги бараат“, рече министерот Бесими.

Првиот човек на комората Бранко Азески иако на почетокот вети изјава за медиумите, по завршување на средбата си замина. Дополнителна изјава не даде ниту Бесими. Останаа неодговорени прашањата на медиумите кои се приоритетните барања на бизнис заедницата, дали имаат доставено предлози до Владата како најголема комора за што да содржи четвртиот сет економски мерки и колкави се штетите на компаните кој ги пријавуваат во комората како резултат од Ковид 19. Последната анализа на Комората е пред три месеци за штетите во туристичко – угостителскиот сектор.

Андреа Чобанова

 

Shpërndaj me

Loading...