Регулаторната комисија на енергетика ако не го смени правилникот за малопродажба, трговците на гориво ќе имаат големи загуби. Новиот правилник на Регулаторната комисија за енергетика предвидуваат нови густини за горивата, а набавните цени на нафтените деривати и на горива за транспорт од страна на РКЕ се пониски од реално набавните цени за трговците.

Од Макпетрол за Алсат велат дека лани во период од шест месеци кога се применувале вакви правила само од разликата од набавната и од цената која ја определува РКЕ загубата на Макпетрол изнесувала 1,3 милиони евра.

„Главниот проблем е во погрешните густини кои што ги предвидува РКЕ, не се знае врз основа на што и како ги определува. Секаде во светот се употребуваат комерцијални специфични тежини, односно за дизел изнесува 0,845 а за бензините 0,755. Постојан случаи во светот каде што се користат и уште поголеми. Во регионот се регулира само во Црна Гора и Словенија. Во останатите држави од регионот пазарот е либерализиран како и во најголемиот дел од државите во светот, но и при тоа се користат специфичните тежини“, реагираат од АД Макпетрол.

Новиот правилник за утврдување на цените на нафтените деривати е донесен на 24 април, потврдуваат од Регулаторна. Правилникот е изработен врз податоци кои се добиени од Царинската управа. Последниве неколку дена регулаторот добил забелешки од три компании кои вршат снабдување со нафтени деривати на пазарот на мало.

„Со намалување на густината има соодветно влијание и на цената, но нема на крајната цена намалување. Бидејќи, речиси се исти пресметките, но има намалување на маржата која што ние им ја утврдуваме на компаниите пред се за малопродажба“, рече Марко Бислимовски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Секторот енергетика во Министерството за економија, кое го изготви и последниот Закон за енергетика, вели дека нема надлежности за овој проблем. Методологијата и начинот на формирање на цената е во надлежност единствено на регулаторот, велат од економија, Инаку, во текот на утрешниот ден дознаваме дека во Регулаторната комисија за енергетика,  трговците на нафта, претставници на Царината и Министерството за економија ќе имаат средба на која ќе се договара дали ќе остане моменталниот правилник за продажба на мало, или ќе се прави нов по мерка на трговците.

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...