fbpx

Бројот на оздравени лица повторно е поголем од бројот на заразени со „Ковид-19“. Во последните 24 часа се регистрирани 125 оздравени пациенти, а 120 нови случаи. Во Скопје има 63 нови, а излекувани се 83 пациенти, додека во Тетово 30 излечени и 14 нови случаи. Гостивар бележи 12 нови, а само двајца излечени додека во другите градови бројот на заразени е еднаков со оној на оздравени. Во Куманово и Дебар, има заразени, но нема регистрирано оздравени лица.

Градови Излекувани Заразени
Скопје 63 83
Тетово 30 14
Гостивар 2 12

 

Во последните 24 часа починаа 5 лица, двајца од Скопје, двајца од Тетово и еден од Куманово. Во центрите за тестирање беа направени 1.367 тестови, додека во рамките на скринингот не е направен ниту еден тест. Денеска е забележана и најмалата инциденца за јули досега односно 9% од испитаните примероци биле позитивни. Инциденцата како услов за патување во ЕУ останува далеку над 16% на 100.000 жители.

Од почетокот на пандемијата во центрите за тестирање се направени околу 70 илјади тестови, додека билансот на заразените достигнува 7.244. Во моментов има 3.569 активни случаи, 3.324 се излекувани, а бројот на починати достигна 351.

Тестови 69.426
Биланс 7.244 (10.4%)
Активни 3.569
Излечени 3.324
Починати 351

 

Адриан Керими

Shpërndaj me

Loading...