Во последните 24 часа регистрирани се 20 нови случаи на заболени од Ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Куманово2 и Прилеп-2. Резултатот е добиен по изработени 744 тестови.

Истовремено, 24 пациенти се излекувани, во  Скопје се излекувани 4, пациенти, Куманово-3, Прилеп-5, Тетово-6, Велес-4 и Битола-2.

Регистриран е и еден смртен случај во Скопје. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент (63г), примен на болничко лекување на 6ти мај како сомнителен на ковид, потврден позитивен еден ден подоцна.

Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 1.941. Излекувани се 1411, а починале 113 пациенти.

Shpërndaj me

Loading...