Во последните 24 часа регистрирани се 40 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 549 тестови.

Распоредот на новозаболените по градови е следен:

Скопје – 26
Тетово – 10
Куманово – 1
Прилеп – 1
Битола – 1
Велес – 1

Истовремено, 11 пациенти се излекувани, а регистриран е и еден смртен случај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје состојби почина 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај.

Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 1.898.

Излекувани се 1378, а починале 111 пациенти.

 

 

Shpërndaj me

Loading...