fbpx

Министерството за животна средина до Собранието достави измени на Законот за управување на  квалитетот на амбиенталниот воздух, со кој се предвидува препораките за време на високо ниво на концентрациите во воздухот, да се преточат во институцинална обврска.

„Ограничувањето на режимот на сообраќајот, ограничување на производството на капацитетите коишто загадуваат, реорганизација на работното време и овозможнување на ранливите групи да не бидат изложени на високите концентрации на загадувачки материи на воздухот, да станат дел од правниот промет. Со други збориви, да може некој да издаде наредба, а тоа е владата или општината со која наредба овие мерки веднаш ќе стапат на сила“, рече Ана Петровска, државен секретар во МЖСПП.

Петровска кажа и дека годинава Министерството конечно по 15 години добило буџет за акредитација на централната  лабораторија, која иако постои со децении нема акредитација да работи. Со оваа лабораторија треба да се лоцираат сите загадувачи, и ќе биде дел од Државниот инспекторат за животна средина. На дебатата за загадувањето во Скопје, зборуваше и градоначалникот на Карпош Богоев кој рече дека општината ги лоцирала загадувачите, но не може да влегува по  домовите на граѓаните за да види на што се греат. Богоев очекува работите на овој план драстично да се промени со воведување на  комуналните полицајци.

„Има процедура со која може заедно со полиција со налог да се влезе. Меѓутоа една од промените е Закон кој е на ниво на дискусија за комунална полиција, којшто го предводи градот Скопје, така што верувам и дека преку тој Закон кога еден ден ќе се усвои ќе може поголеми ингиренции да имаат инспекторите на општините и на градот Скопје“, рече Стефан Богоев, градоначалник на Карпош.

Од Министерството за животна средина очекуваат предложените измени да бидат усвоени пред распуштање на Собранието, за сите препораки кои веќе ги испратиле кога загаденоста беше над лимитот, да бидат обврзувачки за општините, Владата и приватниот сектор.

Игор Стефановски

Shpërndaj me

Loading...