fbpx

Изборот на главен државен ревизор денеска е повторно пред членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Собраниски извори за МИА посочија дека е постигнат договор меѓу претставниците на политичките партии кој ќе биде идниот ревизор и очекуваат тоа денеска да се официјализира.

Последните изјави и од власта и од опозицијата минатата недела беа дека се залагаат за широк консензус за кандидат за главен државен ревизор.

Претседателот на Комисијата Илија Димовски тогаш за МИА рече дека додека не се постигне согласност за еден кандидат од барем седум пратеници нема да свика седница. Комисијата има 12 членови и 12 заменици-членови, претседател и заменик-претседател.

Хари Локвенец од СДСМ, кој е член на Комисијата рече дека очекува дека најдоцна оваа недела да се реши прашањето околу изборот на прв државен ревизор.

– Наша цел е обезбедување на широк консзензус околу изборот на главен државен ревизор во насока на зголемување на довербата на граѓаните во државните инстититуции. Покрај тоа паралелно размислуваме и за законско одблокирање на работата на ревизијата, не само од технички аспект на идното функционирање, туку и во суштинскиот дел за она за што се задолжени, додаде Локвенец.

На конкурсот за нов главен државен ревизор, кој во Службен весник излезе на 26 декември 2017 година, се пријавиле 12 кандидати, од кои големо мнозинство ревизори, кои работат во институцијата.

Државната ревизија веќе една година и 11 месеци функционира без директор, а на 4 октомври годинава истекол мандатот и на заменикот директор, со што е оневозможено нормалното функционирање на Заводот и е доведена во прашање неговата независност.

Без директор нема да бидат во можност да ја реализираат тековната програмата за работа до крај, ниту да ја донесат програмата за работа за 2020 година.  Тие ќе бидат онеспособени да ги контролираат државните институции, да ги плаќаат сметките за нивните канцеларии, да д

 

Shpërndaj me

Loading...