fbpx

За време на предвремените парламентарни избори отворени се дополнителни дежурства за обвинителите кои ќе го следат процесот, информираше денеска Основното јавно обвинителство. Привремената Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани против изборите и гласањето вели дека итно и со приоритет се постапува по индиции за извршени кривични дела, при што известувањата веднаш се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства.

„Јавното обвинителство преку формираната Комисија ја известува јавноста дека јавните обвинители во континуитет работат на терен. Целосно се посветени на борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето, преку придонес кон нивно сузбивање и превенирање. Комисијата продолжува перманентно да го следи процесот на гласање, за што воспоставени се и дополнителни дежурства во јавните обвинителства за деновите кога се врши гласањето“, соопшти Обвинителството.

 

Shpërndaj me

Loading...