fbpx

Петнаесет дена по предвремените парламентарни избори, се уште не е откриено кој објавуваше прислушувани снимки во предизборниот период. Нови нелегални снимки на интернет нема. Овој процес на очигледна политичка пресметка заврши со гласањето на 15 – ти јули. Но разговорите објавени на „Јутјуб“ каналот се уште стојат. Од обвинителството за Алсат посочија дека истражуваат – кој, како и зошто ги објавувал снимките во кои главни актери беа лидерите на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

„До Основното јавно обвинителство Скопје МВР поднесе писмено известување за примена кривична пријава во врска со снимките кои беа објавувани на неколку Youtube канали за време на предизборната кампања. Постапувајќи по писменото известување, се прават проверки за да се утврди кои лица ги отвориле каналите на Youtube и ги објавиле снимените разговори. Воедно, се прават и други проверки за утврдување на фактичката состојба. Во зависност од утврдените факти и обезбедените докази, Јавното обвинителство ќе одлучи согласно Законот за кривична постапка“, велат од Основно јавно обвинителство.

Од првиот ден на изборната кампања, почна и објавувањето на нелегални снимки од лидерите на партиите. Иако и СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ остро демантираа дека како субјекти стојат зад објавувањето на „бомби“, сепак процесот на политичка дискредитација меѓу нив одеше координирано. Доколку беше објавена снимка за Мицкоски, експресно по само неколку часа, следуваше и аудио материјал за Заев.И обратно. На интернет се објавуваа парцијални делови од средби на двајцата лидери. Зоран Заев разговара со синот на екс разузнавачот Зоран Верушевски, додека за Мицкоски излегоа делови од разговори кои ги водел со осудениот Зоран Милевски – Кичеец но и со исклучените осум пратеници од ВМРО – ДПМНЕ кои гласаа за Уставни измени.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me

Loading...