fbpx

Обвинителството поднесе обвинение за едно лице кое шверцуваше кокаин во пакети за банани. Иако постапката се водеше против двајца, сепак кривичниот прогон бил запрен против еден од осомничените.

ОЈО

„Со поднесеното обвинение, обвинетиот се товари дека на 19.02.2020 година во село Крушопек, општина Сарај неовластено заради продажба држел наркотична дрога – кокаин со тежина од 1.001 грам. Дрогата била откриена при извршен претрес на товарно моторно возило, во пакетите со банани кои биле превезувани за правното лице – сопственост на обвинетиот. Кокаинот бил спакуван во едно пакување во правоаголна форма, со две полиетиленски безбојни обвивки на кои имало ознаки и втиснато лого – глава на јарец“

Полицијата на 20 – ти февруари годинава објави дека запленила еден килограм кокаин во селото Крушопек. Акцијата била дел од меѓународна полициска соработка. Според тогашното тврдење на МВР, во земјава требало да заврши далеку поголема количина дрога – не само 1000 грама колку што полицијата фати. Информациите од пред половина година беа дека е пресечен меѓународен канал на трговија и транспорт на кокаин со потекло од Колумбија. Краен примач на камионот со банани каде беше пронајден кокаинот, беше фирмата „Банекс Компани“ во Крушопек. По претрес на полицијата во магацинот на компанијата беше пронајдена и дрогата. МВР пред половина година уапси четири лица, но обвинение е поднесено само за еден осомничен. Проверката на фирмата „Банкес Компани“ од страна на полицијата тогаш покажа дека 120 пати компанијата увезувала овошје од Колумбија и Еквадор. Беше најавена и финансиска истрага за „Банекс Компани“ и истрага која треба да покаже дали и други фирми имаат релација со компанијата која освен увоз на овошје, во земјава прошеверцува и еден килограм кокаин.

Bojan Stojanovski

Shpërndaj me

Loading...