Александар Василевски Нинџа во судница дава одбрана во својство на обвинет, а не на сведок. Токму затоа адвокатката Ружица Николовска смета дека неговите зборови не мора да се точни. Во емисијата „360 Степени“ рече дека секоја одбрана на обвинетите судот треба да ја цени во корелација со материјалните докази и изјавите на сведоците.

Тој не ја дава својата одбрана како што сведокот ја дава својата изјава односно сведочење со давање на заклетва. Секој кој што ќе даде одбрана ќе ја даде на начин на кој што смета дека му оди во корист, но тоа не значи дека мора да е така. Вие како обвинет кога давате одбрана имате право да кажете апсолутно што сакате што и не мора да биде во содејство со вистината“, рече Ружица Николовска – адвокатка на обвинетиот Горан Ѓошевски.

Професорката Беса Арифи ја поддржува ваквата теза и вели дека во една кривична постапка не е важно кој што кажал во или надвор од судницата, туку кој што може да докаже. Но таа гледа и еден проблематичен момент.

– Истата изјава (Нинџа) ја дал уште во фаза на истрага пред Обвинителството во јуни мислам…

„Да. Ако е тоа така Обвинителството требало да превземе процесни дејствија уште во моментот кога таа изјава е дадена во таа фаза на истрага и во однос на тоа да земе изјава и од луѓето кои биле спомнати во такав изјава. Сега не знаеме дали обвинителот повикал некого во таа фаза. Од ова што сега се актуелизира се создава впечаток дека тоа не е направено или барем ние не знаеме дека тоа е направено“, вели Арифи.

По одбараната на Нинџа од Обвинителството информираа дека неговите наводи се проверуваат.

Shpërndaj me

Loading...