Министерството за образование сè уште нема конкретна стратегија за следната учебна година, доколку состојбата со коронавирусот не се подобри дури и на есен. Се најавува формирање на комисија кој ќе го разгледува скратувањето на наставните програми и начинот на координација со учениците.

„Ако се соочиме со исти околности или слични околности или дури и со екстремни околности, тогаш можеме да се соочиме со истите мерки или со организирање настава од далечина или со намалување на бројот на ученици во училницата. Следствено на тоа би имало и зголемување на бројот на смени врз основа на кои ќе работат образовните институции.“-рече Арбер Адеми, министер за образование и наука.

За разлика од минисерот Адеми, професорот Анастас Мишев од Факултетот за информатика и инженерство предлага создавање единствена платформа, а не индивидуални решенија од училиштата и наставниците, како што се прави во моментов.

Мишев потсетува дека платформата за е-настава не треба да се воведува само кога нема услови за учење, туку да се спроведува паралелно со редовниот наставен процес.

Мелихате Рустеми

Shpërndaj me

Loading...