Нова „бомба“ од сетот прислушувани разговори помеѓу Зоран Милевски – Кичеец осуден во „Рекет“ и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Снимка од 23 секунди е објавена на „Јутјуб“ каналот. Двајцата разговараат за протестот на опозицијата кој се одржа пред владата на 2 – јуни пред две години. Дел од автобусите кои носеле граѓани од други градови, ги платил Сашо Мијалков кој после неколку месеци од протестот беше исклучен од партијата.

„Сашо никогаш не доаѓал во партија, скршен од мака. Сашо даде два пати по 5 илјади евра за автобусите за втори јуни. Тоа е донацијата од Сашо“, вели Мицкоски.

Ова е втора помош за партиската каса на ВМРО – ДПМНЕ за која во „бомбите“ зборува Мицкоски. Во претходните снимки беше објавено дека помош добил и од бизнисменот Орце Камчев. За возврат, опозицијата ќе се противи на нов закон за обвинителство со кој истрагата „Империја“ против Камчев би продолжила да се води. Од ВМРО – ДПМНЕ денеска со кус одговор за донацијата на Мијалков.

„За подетални информации да се обратите кај бизнис партнерот на Зоран и Веце Заеви, Сашо Мијалков“, рече Наум Стоилковски, ВМРО – ДПМНЕ.

Паралелно со новата „бомба“ за Мицкоски, денеска се објавија нови две

снимки и за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, каде зборува за коалицијата пред четири години за предвремените парламентарни избори. Претходно  се објавија и снимки на кои се слушаа гласовите на Зоки Кичеец и конторверзен црногорски бизнисмен, а за кои опозицијата тврди дека се доказ оти Заев зел 300 илјади евра за референдумот.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me

Loading...