fbpx

Нови два дела од разговорот помеѓу лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Зоран Милевски – Кичеец се објавија денеска на „Јутјуб“. Зборуваат за Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев. Мицкоски во снимките објаснува дека сам се бори законот за обвинителство да не помине, оти со тој закон се решава статусот на СЈО а не се  стопира истрагата за „Империја“ каде осомничени се Мијалков и Камчев.

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО – ДПМНЕ:

„Се борам сам ова СЈО да не помине, автоматски и неговиот предмет, тој „Империја“.

„Империја“ ја започна СЈО. Но по аферата „Рекет“, истрагата за овој предмет беше запрена. Од обвинителството за организиран криминал и корупција, сега уверуваат дека  работат на истрагата и тоа со брзо темпо. Корона вирусот спречил да се повикуваат во обвинителството сведоци за случајот.

„Се договоривме и со колешката Смаќоска и со колешката Лиле Стефанова во наредниов период да се интензивира работењето по овој предмет“, рече Вилма Русковска, обвинител.

На последните два разговори од состанокот помеѓу Кичеец и Мицкоски, реагираше Независната пратеничка група, или осумте одметнати пратеници од ВМРО – ДПМНЕ. Посочија дека снимките покажале дека Мицкоски го кочел новиот закон за обвинителство за да штити криминал и од тоа да има финансиски бенефит. Според нив, Мицкоски го убедувал претходниот состав на ВМРО – ДПМНЕ во парламентот да не гласа за законот зошто така ќе ги спаси нив од прогон.

Бојан Стојановски

Shpërndaj me

Loading...