fbpx

470 милиони евра преку 31 владина мерка треба да стигнат до граѓаните и компаниите со 4-тиот пакет економски мерки за закрепнување на економијата од последиците од коронавирусот. Според проценките, со претходните три, помошта ќе надмине една милијарда евра, вели премиерот Зоран Заев.

„Новиот пакет има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и работните места, да закрепне одредени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните трансфери…“, изјави Зоран Заев – премиер.

Поддршката за исплата на плати ќе важи до крајот на годината. Таа ќе се одредува скалесто согласно падот на приходите на секоја заинтересирана фирма одделно. Поради тоа, ќе се движи од 14.500 до 21.766 денари по вработен. Но, оваа помош компаниите ќе може да ја користат само ако до 1 јули летово не отпуштале вработени како резултат на корона-кризата.

Платежна картичка од 6.000 денари ќе добијат самохрани родители, невработени пасивни баратели на работа, пензионери кои имаат до 15.000 денари пензија, студенти, културни и филмски работици. Повеќе од 350.000 граѓани ќе добијат и можност да пазаруваат во викенд без ДДВ. Станува збор за продолжениот празничен викенд од 10 до 12 октомври.

„Тој викенд на 10, 11 и 12 ќе можат да купат домашни производи и услуги и компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари по поединец. Во рок за овие три дена. Во рок од само неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ, 100 проценти за овие производи…“, рече Зоран Заев – премиер.

Со оваа мерка се проектира да се направи вкупен промет од 170 милиони евра, а проекциите стигнуват до 250 милиони пари кои ќе бидат инјекција кон стопанството. Во исто време на граѓаните се очекува да им се вратат најмалку 17 милиони евра од повратот на ДДВ.

Меѓу другите мерки се и грејс-период за бескаматни кредити, 100 милиони евра поволни кредити од домашната Развојна банка. Опфатена е и дејноста туризам, односно плата за 150 регистрирани туристичките водичи до крајот на годината, поврат на туристичка такса за 2019 година, грантови за 500 туристички агенции. Заев најави и грантови за ресторани за свадби, но и намалување на стапка на ДДВ за овие угостителски дејности, продолжување на лиценци за работа на дискотеки и клубови. Грантови ќе добијат и игротеките за деца во висина од 1.000 до 5.000 евра. Занаетчиите пак, ќе добијат намалување на ДДВ на услугите од 18 до 5 насто за поголема конкуретност на пазарот. Во економските мерки се вклучени и лозарите, казината, сметководителите и компании од разни сектори.

Алсат

Shpërndaj me

Loading...