Поради пандемијата со Ковид 19, одложена е новата сезона во Мото ГП. Се очекуваше, првата трка да се одржува на 3 мај во Шпанија, но поради тешката ситуација во оваа земја е одложена. Сега, раководството на овој спорт бараат нов термин за трката во Шпанија со оглед на тоа што трката во Катар е одложена, во Тајланд е преместена за октомври додека трките во САД и Аргентина имаат нови термини.

Се уште не се знае дали новата сезона ќе почне во Франција на 17 мај или Италија на 31 мај. Во меѓувреме, се очекува на 7 јуни да се одржи трката во Каталонија, Шпанија, која повторно е под знак прашање.

Shpërndaj me

Loading...