fbpx

Поскапува струјата за 7,4 отсто. Новата повисока цена граѓаните ќе почнат да ја плаќаат со сметките кои ќе ги добијат во септември и таа ќе важи цела година. Причина за раст на цената на струјата се намалени приходи на енергетските компании, поради намален извоз на струја. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски вели доколку ги прифателе сите барања на енергетските компании струјата ќе поскапела над 25 отсто.

„Јас знам дека со оваа одлука врз крајните потрошувачи, тоа од прилика на една просечна сметка од 1500 денари сметка  зголемувањето на месечните трошоци ќе биде за околу 100 денари“, вели Бислимовски.

А евтината тарифа на струјата останува за граѓаните, потврди Бислимовски. Алсат веќе објави дека во Регулаторна се размислувало и за укинување на евтината тарифа. Бислимовски денес потврди дека укинувањето на евтината струја била една од опциите која се разгледувала за покачувањето на цената на електричната енергија да биде помало, но тоа не го прифатил регулаторот.

„Евтината тарифа ќе продолжи и понатаму да функционира во истиот период како што беше и до сега“, додава Бислимовски.

Инаку од ЕСМ пријавиле годишна загуба во работењето од 17 милиони евра, а пак од МЕПСО минус од 11 милиони евра поради намален извоз како резултат на  нефукцнкциониарњето на големите индустриски  капацитети кај нас и во странство.

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...