Скопје раздвижено пред полицискиот час, но не како порано. Граѓаните брзаа да ги завршат тековните обврски, но од денеска можат да се движат само до 16 часот. Многу е мал бројот на оние кои чекаат автобус.

Вака изгледа редот во банка. Дел да подигнат пари, други да платат сметки, иако од банките препорачаа тоа да се направи електронски или да се пазари со картичка. Но, некако граѓаните забораваат на дистанцата од два метри.

Редови има и пред маркетите. Кога прашавме зошто не почитуваат дистанца, бараа оправдување.

Граѓаните почнаа да ги полнат торбите за до понеделник, други пак, пазарат дневно.

Јас колку што забележувам, гледам дека сѐ има. Секој зема колку што има потреба. Се е во ред…

Прешање: Вие сега пазарите до викендот или повторно ќе пазарите?

Не. Ова ние за пет – шест дена“, вели една граѓанка.

За време на полицискиот час маркетите затвораат час до два пред почетокот на забраната за движење. Автобусите на ЈСП во Скопје се редуцирани, па последниот превоз поаѓа околу пред или околу 15 часот.

Игор Стефановски

Shpërndaj me

Loading...