Денеска тие се светски ѕвезди, а некогаш биле само деца со голем холивудски сон. Многу познати глумци кои кариерата ја започнале како обични статисти денеска се омилени во Холивуд. 

Во продолжение погледнете кои актери и актерки за прв пат се појавиле пред големото платно како обични статисти…

Чанинг Татум

Чанинг Татум пред да го освои срцето на милионската публика ширум светот,  се појавува како статист во филмот „War of the Words“.

Брус Вилис

Тешко е да се поверува, но Брус Вилис работел како статист во повеќе филмови меѓу кои: „The First Deadly Sin“ и „The Veridict“- кој бил номиниран дури за 5 Оскари.

Бред Пит

Иако денеска е еден од најплатените глумци на Холивуд, Бред Пит во филмот „ Less Than Zero“ добил 38 долари да глуми лик кој ќе го подготвува теренот за борење.

Меган Фокс

Денеска сите знаат која е Меган Фокс, меѓутоа во 2003- тата година таа глуми една од танчерките во филмот „ Bad Boys 2“.

Џеки Чен

Пред да стане популарен Џеки Чен во филмот „ Enter the Dragon“ глуми момче кое го напаѓа Брус Ли, а во сцената тој му го крши вратот.

 

 

Shpërndaj me

Loading...