fbpx

Усвојувањето на Законот за заштита од дискриминација треба да биде приоритет на идниот парламентарен состав, рече Народниот правобранител, кој само минатата година откри дискриминација во 60% од претставките поднесени од граѓаните.

„Тоа тело мора да биде избрано на уште потранспарентен начин, од експерти кои не се вклучени во разни политички структури, затоа што „отворена рана“ во нашето општество е да се формираат тела со кадри кои лесно паѓаат под влијание на разни политички структури. Предлагаме да биде сличен на начинот на кој беше избрана Комисијата за спречување на корупцијата“, вели Иџет Мемети, Народен Правобранител.

Симонида Кацарска од Институтот за европска политика рече дека законот е неопходен за земјата

Во својот извештај Европската агенција за основните права, позитивно ги оцени одредбите донесени за интеграција на Ромите, кои сè уште остануваат најдискриминирана категорија, соочувајќи се со расизам и нетолеранција. Загрижувачка останува ситуацијата со насилството врз жените, и покрај усвојувањето на Истанбулската конвенција.

Анеса Салиху

Shpërndaj me

Loading...