fbpx

Ние сме во 2020 година, но водоснабдувањето е сон за жителите на општина Липково и не се знае уште колку долго време.

Жителите велат дека се уморни од празните ветувања на ДУИ, партија која ја води општина Липково уште од конфликтот во 2001, но дел е и од Владата.

„Има 2-3 чешми таму горе и одиме во селото, полниме вода. Со години овие од ВМРО и ДУИ ни велат – денеска, утре, денеска, утре, а нема вода.“

„Со водата сме катастрофа. Ние сме меѓу две опасности. Горната брана има 98 метри, другата 38. Но, со години Липково нема вода. Со бунари, нема друго чаре. Тие што работат во Владата само за себе. Нè молат 1 недела, но нè враќаат 50 години назад.“

„Од планините, од ридот. Но, сега селото се шири, таа вода не може да нè снабди, не е доволно за целото население“

„Пуштаат 1 час на ден, во 8 или 9 часот наутро, а потоа следниот ден во исто време.“

„Во моментов цело село имаме проблем со водата. Вода добиваме од планината.“

Градоначалникот на Липково ветува дека до крајот на годината проблемот ќе биде решен, но само за селото Липково, не и за другите во регионот.

Ние сме во последната фаза од проектот за пречистителна станица и сендименталниот проект. Планираме да ја завршиме целата секундарна мрежа за село Липково годинава и полека да пуштаме вода за пиење“-изјави Еркан Арифи, градоначалник на Липково.

Проектот за водоснабдување на општината се ветува повеќе од 18 години.

 

Анеса Салиху

Shpërndaj me

Loading...