fbpx

Дел од градоначалниците уверуваат дека ќе бараат начини нивните општини во иднина да не се задолжуваат откако владата најави дека ќе земе кредит од 120 милиони евра за покривање на старите долгови. Градоначалникот на Дебар, Ружди Лата вели дека општината во моментов им должи на неколку градежни компании.

“Намалувањето на долгот е вистинско стопанисување – ќе изградиме толку колку што можеме”, вели Ружди Лата – градоначалник на Дебар

Општина Куманово е една од општините која има најмногу долгови и е со блокирана сметка.

Центарот за економски анализи бара од Владата и Министерството за финансии да направат анализа на ситуацијата и побара од Јавното обвинителство да покрене истрага и таму каде постои сомневање дека незаконски се постапувало. Старите долгови на општините од околу 120 милиони евра ќе се подмират со нов кредит што Владата ќе го земе во име на локалните самоуправи.

Елмедина Алији

Shpërndaj me

Loading...