fbpx

Компаниите кои се најпогодени од кризата освен минимална плата од 14.500 денари, од државата ќе добијат и пари за придонеси за своите вработени за последните три месеци од годинава, дознава Алсат од владини извори. Пари за придонеси на вработените до Нова Година ќе добијат фирмите со најголем пад на прометот. Засега уште не се знаат критериумите кои фирми би можеле да ја користат оваа помош. А, министерот за економија Крешник Бектеши денеска ја потврди вчерашната информација на Алсат дека погодените фирмите од корона кризата до декември ќе добиваат 14.500 денари месечно. На вчерашниот состанок во владата не е прифатено оваа помош да се исплаќа до март 2021 година.

„Сега сме поискусни што се однесува до пандемијата секако дека ќе има и дополнителни мерки за поддршка, ќе бидат малку потаргетирани тие што биле најпогодени. Но, не би сакал да навлегувам во детали, тоа ќе му го оставам на претседателот на владата, кој и раководи со економскиот тим на Владата. Но, истовремено, првично треба да ги информираме и стопанските комори и синдикатите“, рече министерот Бектеши.

Премиерот Зоран Заев веќе изјави дека постои можност компаниите да добиваат скалеста помош, односно една сума на средства ќе добијат фирмите кои имаат за 30 отсто намален промет, нешто повеќе оние со минус од  40 отсто, а сериозно повисока помош да добијат оние со намален промет од 50 и 60 отсто. Целта е правичност во реализација на мерките. Дополнително, веќе се знае дека помошта за граѓаните ќе биде во вид на платежни картички се со цел поттикнување на приватната потрошувачка. Пари ќе се делат на неактивни невработени лица, на пензионери со пензии до 15 илјади денари, на самохраните родители и на стечајци.

Иле Петревски

 

Shpërndaj me

Loading...