fbpx

Дивоградбите остануваат нерешн проблем. Ова најдобро го потврдуваат податоците на Заводот за статистика, според кои само минатата година имало над 866 дивоградби низ целата држава. Најголем број се регистрирани во Скопје и тоа 153, потоа следат Кавадарци со 85, Струмица 73 и Штип 64, Охрид 59 и Струга 46.

Дивоградби има скоро во сите општини во земјава, додека 98,4% од нив се на приватни имоти а 10 проценти на државни имоти. Поради зголемувањето на бројот на дивоградби во главниот град, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов изјави дека ќе бараат од Владата преземање на дел од надлежностите на општинските градежни инспекторати .

Министерството за транспорт и врски потенцира дека ќе продолжат да дејствуваат во согласност со позитивните правни норми.

Со цел да се запре оваа состојба што трае со децении, во наредниот период Министерството за транспорт и врски ќе ги зајакне инспекциските тела и нивните капацитети -велат од Министерство за транспорт и врски.

За да можат граѓаните да ги легализираат дивоградбите и да го решат овој проблем засекогаш, законот за легализација беше изменет двапати. Првично во 2017 година,а потоа и во 2018 година. Овој закон траеше до 30 јуни 2018 година.

Мефаил Исмаили

Shpërndaj me

Loading...