fbpx

Од болницата во Струга се жалат дека речиси секој ден најмалку по еден нивен пациент со симптоми на Ковид-19 го враќаат од Охридската болница зашто одбиваат да го примат. Станува збор за проблем кој се случува веќе подолго време.

Сите пациенти за кои знаеме дека се позитивни на Ковид, се враќаат со образложение дека во инфективно одделение Охрид нема празни места. Сите пациенти ни се враќаат и ние тие што се полесни за третман ги третираме на интерно одделение кај нас, но немаме право да третираме позитивни на Ковид бидејќи немаме ни инфектолог, ни други работи“-изјави Мухамет Асани, директор на општа болница Стругаа.

Од болницата во Охрид тврдат дека додека нивните капацитети биле попразни, ги примале сите пациенти од Струга.

Ние два месеци ги примавме, ги испитувавме тука, вршевме транспорт. Ако ви кажам дека за еден месец 146 истории се отворени на инфективно одделение во Охрид, од кои 90% се од струшката болница. Дури му дадовме и насоки со одредени експертски мислења, од нашите инфектолози, како тие да се справат и на кој начин да ги третираат пациентите и каде да ги упатуваат“-рече Горан Балев, директор на општа болница Охрид

Министерот за здравство, Венко Филипче, на прашањето на Алсат дали е запoзнаен со проблемот, рече дека ниту еден пациент не бил оставен без соодветен болнички третман.

Ако не може да се третира заради преоптеретеност на некое одделение во близина на регионот каде што живее, секако на скопските институции. Еден од најголемите проблеми на струшкиот регион е што пациентите касно се јавуваат на болничко лекување“-изјави Венко Филипче, министер за здравство.

За потешките пациенти, директорот на болницата во Струга, вели дека повеќе не бараат помош од Охрид туку директно ги транспортираат во Скопје. Инаку, во болницата во Охрид во моментов има 25 пациенти.

Мики Трајковски

Shpërndaj me

Loading...