Охриѓани се револтирани што гостите од другите градови кои дојдоа во градот не ги почитуваат мерките за заштита и не носат маски. Имаше групирања по повеќе лица, а во рестораните се почитуваше мерката за седење на маса по двајца, но скоро никој не носеше маска.

„Ако се фамилијарни луѓето може да не носат, но еве дали се фамилијарни тоа не знаеме. Полицаец исто не видов. По чаршијата полиција не видов никаде, да праша некој дали е со маска или без маска“.

„Нека се прилагодуваат, да носат маска. Гледате 50% не носат. Тие што одат се и во групи“, рекоа жителите.

Но, локалните бизнисмени се задоволни што градот конечно се раздвижи. Но велат дека ретко кој од клиентите ги почитува мерките за заштита.

„За мене и нашите бродари ги почитуваме мерките, но малку гостите не ни се дисциплинирани од Скопје. Гледам маските не ги користат и средствата за заштита. Не можеш да ги натераш да стават, но има некои кои се дисциплинирани“, рече Љупчо Ѓеорѓиески – бродар.

Екипата на Алсат денеска во Охрид не забележа полициско присуство и покрај вчерашните најави од Владата дека ќе има засилено присуство во туристичките центри.

Охридскиот кризен штаб одлучи по завршување на продолжениот викенд да се  иврши интензивна дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените објекти во Охрид. Државниот пазарен инспекторат пак од 70 извршени контроли кај четири станоиздавачи констатирал прекршување на забраната за сместување на гости. Казнети се со 500 евра и со забрана од 30 дена за извршување на дејност.

Мики Трајковски

Shpërndaj me

Loading...