Како во шпицот на туристичката сезона, наликуваше денес Охрид.Три дневниот полициски час го наполни градот најмногу со скопјани кои вчера пристигнуваа во колони во градот..Шеталишта се полни, исто како и кафетериите и рестораните. Некои се возеа  со скутери и глисери во езерото.

Охрид ваква гужва не памети од минатото лето. Најголемиот дел од оние кои денес односно вчера дојдоа во градот се сместени во нивните станови и вили кои ги имаат и во Охрид и во неговата околина. Се претпоставува дека во Охрид има повеќе од 8000 викенд станови на жители од другите градови на државата.

Велосипедската полициска патрола  вршеше обиколка и им укажуваше на граѓаните да користат заштитни маски и да држат дистанца, но од она што го забележа камерата на Алсат мерките не се почитуваа. Дури кога ќе ја видеа камерата, ги вадеа и ставаа маските на своите лица.  многу малку се почитуваше или кога ќе ја видеа камерата граѓаните тогаш ги ставаа маските на лице.

„Не знам дали може да се префрли наваму затоа што жариштето се знае каде е лоцирано. Не би верувал дека ќе го пренесат во Охрид и не би сакал“.

Нели беше подобро да останете дома во Скопје, да не се пренесе заразата?

Ние сме пензионери што многу се пазиме во Скопје, така да здравје, не контактираме со надворешни лица. Си дојдовме со кола овде во стан“.

„Планот мој за доаѓање во Охрид беше независно од прогласување на полицискиот час“, рекоа анкетираните лица.

Во Струга нема гужви како во Охрид но и  таму се чувствува поголема раздвиженост од вообичаеното. Имаше граѓани кои исто така дошле од други градови.

„Ќе останеме во Струга, додека помине полицискиот час. Привелигирани сме во Струга. Нема овде полициски час и одиме послободно“.

„Да, имаме мал стан овде. Дојдовме во Струга за да малку се релаксираме“, велат анкетираните граѓани.

Алсат денес направи обиколка и на градските гробишта и во Струга и во Охрид, Во Струга наидовме на затворени врати. Така ќе било и во наредните два дена, а во кругот на гробиштата имаше и полиција која ги враќаше сите кои доаѓаа. Слично беше и во Охрид, каде полицајци не дозволуваа влез.

Во Охрид исто така имаше и редарска служба која не дозволуваше влез на гробиштата.

Мики Трајковски

Shpërndaj me

Loading...