За 9,6 проценти се намалиле вкупните приходи во државната каса за месец јуни. За разлика од првите два месеци од појавата на пандемијата, претходниот месец има значителна подобра наплата на прходите.  Очекувањата на министреката за финансии Нина Ангеловска се дека во третиот и четвртиот квартал од годината економијата ќе почне постепено да се опоравува.

„До крајот на месец јуни сеуште се забележува пад, но сепак тој е значително ублажен и кај одредени давачки се забележува дури и раст поголем за разлика од истиот период лани. Во период јануари јуни вкупните буџетски приходи се оствариле на ниво 44 проценти од ребалансот или во износ 87,4 милијарди денари“, рече Ангеловска.

Јавниот долг заклучно со месец мај достигнал 53,3 осто од БДП, што во најголем дел се должи на повлекувањето на парите од меѓународните финансиски институции.  За првите шест месеци од годинава расходната страна се зголемила за 9,9 отсто или од буџетот се потрошиле 1,8 милијарди евра. Најголемиот дел од потрошените пари според министерката се намениле на владините мерки за борба против Ковид-19.

Андреа Чобанова

 

Shpërndaj me

Loading...