fbpx

Претставникот за Западен Балкан во американскиот Стејт Департмент, Метју Палмер вели дека на Македонија и е потребна Влада која ќе биде партнер со САД. Палмер во интервју за „Балкан Инсајдер“ ги потенцираше контурите врз кои треба да се заснова идното мнозинство.

„Ние бараме силен партнер во Владата на Северна Македонија, партнер кој ќе ја застапува Северна Македонија максимално како членка на НАТО, Влада која е подготвена да ја води Северна Македонија на патот кон можноста за членство во ЕУ, Влада подготвена за спроведување на Договорот од Преспа и извршна власт која е подготвена да го унапреди мирот и просперитетот меѓу сите граѓани”, рече Палмер.

Палмер, не ги коментираше преговорите за формирање на мнозинството, додавајќи дека поддршката на САД ќе биде неспорна за било кое ново парламентарно мнозинство.

„Било која Влада што ќе произлезе од преговорите, треба да биде фокусирано на овие стремежи и ќе најде силен партнер во САД”, додава Палмер.

Палмер, изборниот процес го оцени за фер, демократски и успешен, така како што треба да биде во една земја членка на НАТО.

Адриан Керими

Shpërndaj me

Loading...