fbpx

Над 1700 вработени лица се уште ги чекаат платите од своите работодавачи кои парите за исплата на минимална плата  ги добија од државата како помош од кризата. Управата за јавни приходи објави дека дури 708 фирми не им исплатиле плата на работници за април и мај иако од државата добиле пари. Владата на нивните сметки уплатила близу 400 илјади евра, но сметките на работниците се уште се празни. Наодите на УЈП покажуваат дека речиси четири илјади им ја скратиле минималната плата на над 52 илјади работници иако законска обврска е најниската плата да биде на ниво од 14 500 денари. Лукаревска потенцира дека сите газди кои ја злоупотребија оваа мерка ќе бидат јавно објавени.

„Податоците за компаниите кои примиле финансиска поддршка а не ја искористиле обврската за исплата  на платите ќе бидат испратени до Генералниот секретаријат на Владата, како носител на мерката и исплатувач на финансиската поддршка од каде истите ќе бидат и јавно објавени“, вели Лукаревска.

Од ЈУП информираат дека газдите кои се обиделе на заработат на грбот на работниците се од дејностите : градежништво, трговија на мало, транспортен сектор, подготовка на храна и слични помали бизниси, како и еден медиум. Податоците велат дека фирмите се од Скопје, Гостивар,  Тетово, Струга и Куманово. Лукаревска јавно побара газдите да им ги префрлат парите на работниците во најбрз можен рок. Законското решение за задолжително социјално осигурување предвидува казна за работодавачот во ваков случај, а тој ќе има обврска дополнително да ги врати добиените пари во целост плус со камата на државата.

Иле Петревски

Shpërndaj me

Loading...