Партиите на Албанците со свои аргументи за датумите  кога  според нив треба да се одржат парламентарните избори. Во емисијата „Патот кон“, политичките претставници си разменија и обвинувања меѓу себе дека со датумите се лицитира за дневно партиски интереси. Дуи е за избори и во септмеври, но конечниот заклучок ќе  зависи од бројот на заразени.

Зависиме од бројки, тие не се создадени од ДУИ, туку се од тестирањата и бројот на заразени“.

Алијансата за Албанците и Алтернатива проценуваат дека на 26 јули граѓаните би биле психички  поподготвени за изборите.

„Избори кои имаат врска со иднината на земјата, избори со кои институциите добиваат легитимитет, избори за стабилноста на земјата. Верувам дека тоа треба да биде психички подготвено“.

Движењето Беса бара избори согласно климатските услови.

„Се знае дека од средината на јули до крајот на август е пикот на највисоките температури во земјата“.

ДПА сака да се исполни уставниот рок и изборите да се одржат на 21 јуни.

Адријан Керими

Shpërndaj me

Loading...