fbpx

Иако со денови најавуваат интензивни преговори по конституирање на Собранието на 4 август, политичките партии не ги откриваат имињата на преговарачите. Неофицијално се дознава дека разговорите ќе се одвиваат меѓу потпретседателите на партиите, но ниту една партија не ги потврдува конкретните имиња. СДСМ ќе преговара преку потпретседателите Мила Цароска, Мухамед Зекири, Дамјан Манчевски, Љупчо Николовски, итн. Од ова партија велат дека се отворени за комуникација со сите политички субјекти.

„СДСМ е отворена за разговори со сите политички фактори кои го поддржуваат европскиот пат, патот напред на економијата и правдата“, велат од СДСМ.

Од Движењето Беса, партија која на изборите на 15 јули се натпреваруваше во предизборна коалиција со СДСМ, велат дека за текот на преговорите и форматот на преговарачката група повеќе детали ќе соопштат по одлуката донесена во партиските тела. Ниту од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат детали за преговарачкиот тим. Од партијата на Христијан Мицкоски се дознава дека за ова прашањето ќе разговараат во рамките на партијата, но без да наведат конкретни имиња. Од ова партија велат дека се во постојана комуникација со парламентарните партии.

ДУИ молчи за имињата на преговарачите. Иако портпаролот Бујар Османи пред неколку дена изјави дека по 4 август преговарачките тимови ќе започнат со работа, партијата на Ахмети не ги наведува имињата преку кои ќе ја бара позицијата на првиот премиер Албанец. Извори во ДУИ ги спомнуваат имињата на Фатмир Бесими, Бујар Османи, Изет Меџити, Артан Груби, Теута Арифи и др.

Од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива нема да формираат преговарачки групи сè додека ДУИ не објави дека не го исполнила ветувањето за премиер – Албанец и не се повлече од трката да биде дел од новото парламентарно мнозинство.

„Ние му дадовме можност на ДУИ да го одржи единственото ветување дадено кон Албанците, а тоа е премиер Албанец. Не би било сериозно да се направи тим за преговарање сè додека чекаме тие да го одржат ветувањето“, велат од АА и Алтернатива.

Конститутивната седница е свикана за 4 август. Во средината на август се очекува претседателот да му го довери мандатот на кандидат кој ќе обезбеди мнозинство гласови во Собранието, а на крајот на месецот се очекува гласањето на новата Влада.

Адриан Керими

Shpërndaj me

Loading...