fbpx

Интегративците очекуваат дека по конституирањето на Собранието, лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе ги покани на разговори за формирање на новото парламентарно мнозинство. Сепак, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во интервју за кососвката телевизија Т7 не ја исклучи можноста за формирање мнозинство и со ВМРО ДПМНЕ.

Гласините за ротација на позицијата на премиерот ДУИ ги нарече  коментари на аналитичарите, иако како партија не би имале ништо против за таквата идеја. Османи рече дека нивниот предлог за премиер е симболичен.

„Една од паролите на кампањата беше Зошто да не, така што Зошто да не? Сè е можно. Во случајот со премиерот, симболиката е поважна отколку практичниот аспект. На овој начин се кршат табуата на нееднаквост во оваа земја. Мислам дека институциите се ослободуваат“, рече Бујар Османи, портпарол на ДУИ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Алфа ТВ рече дека мандатите на ВМРО ДПМНЕ се безбедни иако имало наводно обиди од СДСМ за купување на пратеници.  Сепак, Мицковски не ја исклучи можноста земјата да оди на нови избори наесен.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски ги отфрли обвинувањата на Мицкоски. Тој рече дека немало никакви обиди за купување на пратеници од СДСМ и дека нема да има нови избори. Тој додаде дека  очекува наскоро формирање на Владата и дека преговорите ќе се одвиваат со проевропските партии. Од друга страна, коалицијата „Сега е време“ ги потврди контактите со другите партии за формирање на Владата, но тие велат дека првично ќе чекаат ДУИ да го исполни, според нив, единственото ветување што го имаше на изборите.

Адриан Керими

Shpërndaj me

Loading...