fbpx

„Улицата наречена „Македонско-косовска бригада“ која се наоѓа во Општина Чаир и која ја поврзува оваа општина со Опттина Бутел и Оптпина Шутка во текот на денот се користи од илјадници возила и граѓани. Сепак, оваа улица не е санирана со години наназад и граѓаните изјавуваат дека се соочуваат со големи тешкотии при нејзиното преминување“.

„Проблем е , секои два или три месеца ги менувам амортизерите на возилото“.

„Неасфалтирано, несредено, веќе 30 години е вака парче по парче“.

Од Градот Скопје велат дека наскоро ќе започне реконструкцијата на оваа улица.. Портпаролот Валон Салиху изјави дека улицата е дел од проектот тунел под Кале и планирано е и да се проширува.

Има две фази во оваа улица, едната е почетниот дел кој е потесен, таму ќе има работи и во канализација и водовод. Овој дел ќе започне следната година, бидејќи ќе има и проширување. А останатиот дел, од каде што поминува тесниот дел, се до булеварот „Словенија“ и „Босна и Херцеговина“, таа фаза ќе започне сега, а се надеваме дека во месец август ќе се реконструира целиот овој дел – изјави Валон Салиху, Град Скопје.

Од градот Скопје не даваат рокови кога ќе заврши целосната реконструкција на улицата.

Мефаил Исмаили

Shpërndaj me

Loading...