fbpx

Словенечкиот претседател Борут Пахор и домаќинот Стево Пендаровски положија венци на гробот на Гоце Делчев. Овој гест за време на посетата на Пахор за која и самиот рече не е случајна, ниту времето не е случајно избрано ,се случува во време кога Гоце Делчев станува главна тема во односите меѓу  Македонија и Бугарија.

„Посетата на гробот на Гоце Делчев е дел од Протоколот предложен од Северна Македонија и секако дека ќе го сторам тоа.

Пахор истакна дека првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ треба да се одржи што е можно поскоро, додека одложувањето ќе го отежни наоѓањето компромис меѓу Скопје и Софија.

„Разбирам дека некои соседни земји имаат дополнителни сомнежи, затоа сакам отворено да кажам дека сега е вистинското време  за солидарност меѓу 27-те земји-членки и за дипломатијата, да се потрудат да ја одржат првата меѓувладина конференција што е можно поскоро без одложување. Знам колку е чувствително прашањето, но како пријател, ви велам дека кога блокирате станува уште потешко да се најде компромис “.

Пендаровски е оптимист дека нема да има блокада од Бугарија.

Заедничката комисија на експерти сè уште нема утврдено датум за состанокот. Додека премиерот Заев најави средба со неговиот бугарски колега Борисов пред 10 ноември.

Anesa Salihu

 

Shpërndaj me

Loading...