Во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, претставникот на политичката партија Беса, Бинас Пајазити, смета дека изборите не треба да се одолговлекуваат, односно треба да се одржат што е можно побрзо, во јуни, бидејќи земјата нема функционално Собрание, ниту легитимно избрана Влада.

„Од 1 јуни се очекува да се отворат границите. Луѓето, бидејќи долго време беа уморни и затворени во државата, секој ќе сака да излезе на прошетка, екскурзија, посети, така да движењето ќе почне да се зголемува, од и кон државата со доаѓање на роднините, а со тоа, со температурите и други опасности се неколку фактори кои не одат во прилог на тоа дека изборите треба да се одржуваат на крајот на јули или првата недела на август“, вели Пајазити.

Shpërndaj me

Loading...