fbpx

На 76 години од Првото заседание на АСНОМ и 117 години од Илинденското востание, денеска во Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце се обрати претседателот на државата Стево Пендаровски, кој истакна дека Втори август е исклучителен повод да се потсетиме и на историското и современото значење на илинденската кауза. Во говорот пред присутните во Пелинце, претседателот рече дека таа историска епопеја не е само борба за слобода против тиранијата, Илинден и Крушевскиот во 903-тата и Асномскиот во 44-тата се уникатни по својот карактер, исто како што е единствена и државата и нејзиниот пат кон независноста од 91-та до денес.

Во ерата на националните романтизми и национализми, Илинден, рече претседателот, беше и остана симбол на неспорно изразената волја за своја држава, заснована врз републикански и демократски начела и слободниот живот на сите етнички и верски заедници во неа.

Пендаровски посочи дека повеќе од еден век, Крушевскиот манифест и 76 години подоцна од декларацијата на АСНОМ за основните права на Граѓанинот на демократска Македонија не престануваат да не инспирираат од потфатот на тогашните револуционери, нивната борба за човечки правдини, која ги спојува хуманизмот, космполитизмот и солидарноста и ги поставува како темелно начело и врзивно ткиво на македоската државност.

-Нивната визија за меѓуетничка и меѓурелигиски кохабитација реализирана во денешната Република Северна Македонија како заедничка татковина на нејзините граѓани обединети околу принципите на слободата, човековите права, демократијата и солидарноста, рече во говорот претседателот Пендаровски.

Тој истакна дека овој Илинден се прославува во посебни услови, светот е зафатен од пандемијата на коронавирусот, која донесе страдање на милиони луѓе се заканува целосно да го промени начинот на живот, посочувајќи дека слободата на движење како цивилизациска придобивка денеска е потешко оставрилива дури и од времето пред почетоците на патувањата. Социјализацијата како суштина на човековата заедница е конфронтирана со социјалната дистанца како парадигма на новата нормалност, рече претседателот, отуѓувањето што го донесе оваа најголема криза во современата историја ја загрозува меѓусебната солидарност, за оние кои поминаа и кои се уште поминуваат низ пеколот на болеста и оние кои ги загубија работните места и останаа без приходи за достоинствена живот.

Здравствената криза, нагласи, која одамна премина во економска, политичка, и морална криа во светот, рече претседателот, ќе биде со нас многу месеци и сериозно ќе го лимитира нашиот развој и аспирациите за подобар живот. Затоа, додава ќе мора како држава што побргу да најдеме начин како да ја обезбедиме социјалната правда и да ја поттикнеме економската активност и развој без да влегуваме во вртлогот на финансиско задолжување и неконтролирано зголемување на јавниот долг.

Осврнувајќи се на изминатите месеци и покрај пандемијата, државата додаде реализираше една од стратешките цели, членството во НАТО, по долги години тешкотии и блокади, за кои рече бевме принудени да ги поминуваме, годинава станавме 30-та членка на најмоќната воено-политичка организација составена од демократски и просперитетни држави. Станува збор за процес со долгорочни и историски консеквенции, насочен кон зацврстување на нашата државност, меѓународната позиција и не помалку важно, додаде, на нашата внатрешна кохезија.

-Во март оваа година Европскиот совет конечно донесе одлука за почеток на преговорите со нашата држава за членство во ЕУ, 15 години по добивањето на кандидатскиот статус. Но , оваа одлука е само почеток на еден долг процес во кој ќе треба фундаментално да се трансформираме и конечно да се оддалечиме од лошите политички практики. Новата методологија за преговори овозможува побрза интеграција, но само за државите кои имаат волја да прават вистински, а не козметички реформи, рече претседателот./MIA/

Shpërndaj me

Loading...